Известување од Технометал-Вардар АД Скопје
четврток, 31 март 2005
Технометал-Вардар АД Скопје известува за поважни аспекти од работењето во 2004 година и плановите за 2005 година:
Во текот на 2004г. вкупно остваренениот промет на стоки и услуги на домашниот и странските пазари е на исто ниво со остварениот во предходната година.
За подобрување и унапредување на работењето на Друштвото, во текот на 2004 спроведена е нова организација и систематизација во работењето.
Во тековната година во Друштвото се направени неколку покрупни инвестициони зафати, како што е Деловната зграда на АД, Пазарот на големо, хотелот"Панорама"во Крушево и др.
Позначајни деловни аражмани по обем и ефекти во 2004 година се: реализирањето на проектот-плоштад"Македонија", аранжманите со "Македонски железници, ЕСМ, продолжената соработка со "Мермерен Комбинат" - Прилеп и ФЗЦ-Куманово, обновената соработка со "Охис"-Скопје, Силекс-Неметали, како и продолжувањето на аранжманите со повеќе винарски визби во Републиката за пласман на вино на Западно-европските пазари.
Делувањето и деловните активности на "Технометал-Вардар"АД во 2005г., се предвидува да се остваруваат во согласност со долгорочните определби на АД за понатамошен развој, стабилизација и консолидација на Друштвото, што претставува:
-Понатамошно подобрување и унапредување на вкупното работење на АД, зголемување на финансиските ефекти и подобрување на вкупните финансиски состојби на АД.;
-Интензивирање на неговата основна дејност, односно интензивирање на комерцијалните активности и во делот на продажбите и во делот на услугите, со обезбедување на потребни средства за нивна поддршка;
-Зголемување на обемот на надворешно-трговското работење и обемот на работење на домашниот пазар;
-Интензивирање на наплатата на побарувањата на Друштвото на сите нивоа, а посебно во делот на услугите на Пазарот на големо и Дисконтниот центар,;
-Спроведување на активности за целосна контрола и намалување на трошоците на работење, како во делот на варијабилните, така и во делот на фиксните трошоци, понатамошна рационализација на деловниот ангажиран простор со издавање на деловен простор кој не е во функција на АД;
Според предвидувањата на комерцијалните и услужните организациони единици и Дирекции кои делуваат во состав на Друштвото, вкупно предвидениот промет за 2005г. изнесува 15,9 мил. евра или значително повеќе од остварениот во 2004г.
Вкупно очекуваните и предвидени нето приходи на Друштвото за 2005г. се во висина од 3,8 мил.евра или над 20% повисоки од остварените во 2004г., со што во целост би се покриле предвидените тековни расходи ,а планираната добивка би била во функција на понатамошно унапредување на комерцијалната и услужна дејност на АД, зголемување на профитабилноста и инвестициона активност на АД.