Ревидиран извештај за 2003 година на Фустеларко Борец АД Битола
среда, 31 март 2004
Фустеларко Борец АД Битола до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 38.378.000 денари. Вкупната актива на Фустеларко Борец АД Битола на 31.12.2003 година изнесува 236.666.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 92.156.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Фустеларко Борец АД Битола може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.