Врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје и согласно Решението бр.08-5004/5 на Комисијата за хартии од вредност донесено на 24.12.2008 година, Одборот на директори на Берзата на својата седница одржана на ден 30.12.2008 година донесе Одлука бр.02-3334/1 за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Бета Брокер АД Скопје.
Со трајното исклучување од членство, членката членката Бета Брокер АД Скопје го губи статусот и правата на членка на Берзата, додека правата на другите членки кон членката Бета Брокер АД Скопје кои се стекнати пред нејзиното исклучување, како и правата на Берзата по однос на нерегулираните финансиски обврски на Бета Брокер АД Скопје, остануваат во сила.