Нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 30.12.2004 година
петок, 31 декември 2004
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 30.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Градежен институт Македонија АД Скопје – 18 обични акции;
- Макошпед АД Скопје – 1.050 обични акции;
- Охридска банка АД Охрид – 122 приоритетни акции;
- Раде Кончар АД Скопје - 78 обични акции.