Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
среда, 31 октомври 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 30.10.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 757 сопствени обични акции по цена од 8.000 денари за една акција, преку 3 трансакции и 80 сопствени обични акции по цена од 7.999 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 30.10.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 29 обични акции;
-Комуна АД Скопје – 260 обични акции;
-РЖ Услуги АД Скопје – 153 обични акции;
-РЖ Економика АД Скопје – 29 обични акции;
-РЖ Институт АД Скопје – 8 обични акции;
-Макпетрол АД Скопје – 31 обични акции;
-Макстил АД Скопје – 639 обични акции.