Одборот на директори донесе oдлука продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО до крајот на годината, односно до 31.12.2020 година.
За подетални информации околу користење на eTrader ги упатуваме инвеститорите да се обратат кај својот брокер.