Организирање јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции
петок, 30 септември 2011
Ве известуваме дека на 05.10.2011 година (Среда), на барање на членката ТТК Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукцијана акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), ќе се понуди за продажба пакет од 30.000 акции издадени од Европа АД Скопје што претставува 11,74% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 1.500 денари по акција преку моделот “се или ништо“.