Ревидиран извештај за 2003 година на РИК Силекс АД Кратово
четврток, 30 септември 2004
РИК Силекс АД Кратово до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 11.113.000 денари. Вкупната актива на РИК Силекс АД Кратово на 31.12.2003 година изнесува 1.570.011.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 275.635.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на РИК Силекс АД Кратово може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.