Промена на износот на издадени обрзници од Втората емисија на обрзници за денационализација
четврток, 30 септември 2004
Ве известуваме дека Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 20.09.2004 година донесе Одлука за изменување на Одлуката за Втора емисија на обврзници за денационализација, со која износот на издадените обврзници од Втората емисија на обврзници за денационализација се менува, од 39.000.000 евра на 39.500.000 евра.
Ова е втора измена на износот на издадени обврзници од Втората емисија на обврзници за денационализација, после нивното издавање. Претходно, на 21.04.2003 година, Владата на Република Македонија донесе Одлука за промена на износот на издадените обврзници од Втората емисија на обврзници за денационализација од 38.100.000 евра на 39.000.000 евра.