Имајќи го предвид истекот на рокот од 30 дена за суспендирање од котација на акциите издадени од Топлификација АД Скопје согласно Одлуката бр.02-1028/1 од 28.07.2016 година, Одборот на директори на Македонска берза, на својата седница одржана на 30.08.2016 година повторно ја разгледа ситуацијата поврзана со Топлификација АД Скопје и оцени дека сеуште не постојат соодветни информации за конечниот исход од работата на собранието на акционери и донесените одлуки од дневниот ред на седницата на собранието на 19.07.2016 година, односно дека за времетраење на суспензијата од котација на акциите на Топлификација АД Скопје, до Берзата не се доставени информации за настанување на околности заради кои Одборот на директори би оценил дека би се обезбедила стабилност на пазарот и заштита на инвеститорите, поради што би се укинала изречената суспензија од котација на овие акции.
Со оглед на наведеното, како и врз основа на фактот дека суспензијата од котација на акциите на Топлификација со Одлуката бр.02-1028/1 од 28.07.2016 година истекува на 30.08.2016 година, Одборот на директори одлучи да ја продолжи суспензијата од котација за нови 30 дена, почнувајќи од 31.08.2016 година.
Оттука, ги информираме инвеститорите на пазарот на хартии од вредност дека и во наредниот период при евентуалното тргување со акциите на Топлификација АД Скопје на Слободниот пазар на Берзата треба да се имаат предвид настанатите промени во поглед на котацијата на друштвото на Берзата и неговите обврски за известување на јавноста.
Продолжена суспензија од котација на акциите на Топлификација АД Скопје
вторник, 30 август 2016