Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
четврток, 30 август 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 29.08.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 39 сопствени обични акции по цена од 45.950 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 29.08.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Економика АД Скопје – 13 обични акции,
-Бетон АД Скопје – 19 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 596 обични акции,
-Макпетрол АД Скопје – 23 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 290 обични акции,
-РЖ Институт АД Скопје – 3 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 13 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 107 обични акции.