Ревидиран извештај за 2003 година на АДГ Маврово Скопје
понеделник, 30 август 2004
АДГ Маврово Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 16.859.000 денари. Вкупната актива на АДГ Маврово Скопје на 31.12.2003 година изнесува 3.229.220.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 3.047.150.000 денари. Доставениот ревидиран финансиски извештај на АДГ Маврово Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.