Известување од Аутомакедонија АД Скопје
четврток, 30 јуни 2005
Аутомакедонија АД Скопје известува дека согласно одлука на Собранието на акционери на друштвото нето добивката во износ од 6.922.900,00 денари се распределува како:
- 250.795,00 денари за дивиденда на фондот на ПИОМ како сопственик на приоритетни акции;
- 3.210.655,00 денари за дивиденда на сопствениците на обични акции;
- 3.461.450,00 денари за вложување во нови инвестиции.
Воедно, Аутомакедонија АД Скопје известува дека Собранието на друштвото има донесено одлука со која на друштвото му се одобрува стекнување со 4.980 сопствени акции, за чиј откуп се издвојуваат 8.000.000 денари од нето добивката.