Во рамките на одбележувањето на Деновите на финансиска писменост во периодот од 29 до 31 мај 2019 година, Македонска берза АД Скопје на 30 мај 2019 година организираше едукативна посета за учениците од средното општинско училиште Љупчо Сантов од Кочани. За време на посетата на учениците им беше презентиран македонскиот пазар на харти од вредност и улогата што ја имаат институциите учесници во истиот, со посебен акцент на улогата и функциите на Македонската берза. Воедно, учениците имаа можност преку берзанскиот електронски систем за тргување да го проследат тргувањето во живо и да се запознаат со начинот на склучување на трансакции со хартии од вредност.
Деновите на финансиска писменост се организираат од финансиските регулаторни институции во земјата преку цврста соработка со приватниот сектор, чија цел е децата и граѓаните да ја зголемат својата финансиска писменост и информираност преку директна комуникација.