Согласно барањето на Комисијата за работење со хартии од вредност при Македонската банкарска асоцијација, а поради зголемување на работно време во банките/брокерските куќи, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за враќање на редовното време на тргување на Берзата, согласно која, почнувајќи од 04.05.2020 година, времетраењето на тргувањето со хартии од вредност наместо до 13:00 часот ќе трае до 14:00 часот. Соодветно на оваа измена направени се измени и прилагодувања на сите пропишани временски распореди во рамките на денот на тргување.
Враќање на редовното време на тргување на Берзата почнувајќи од 04.05.2020 година
четврток, 30 април 2020