Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 27.04.2007
понеделник, 30 април 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 27.04.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
- 85 сопствени обични акции по цена од 7.953 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- 500 сопствени обични акции по цена од 7.990 денари за една акција, преку 4 трансакции;
- 974 сопствени обични акции по цена од 7.300 денари за една акција, преку 3 трансакции;
- 30 сопствени обични акции по цена од 7.650 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 27.04.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Економика АД Скопје – 6 обични акции,
-РЖ Институт АД Скопје – 2 обични акции,
-Макпетрол АД Скопје – 57 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 149 обични акции,
-Тутунски комбинат АД Прилеп – 85 обични акции,
-Бетон АД Скопје – 11 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 193 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 6 обични акции,
-АДГ Маврово Скопје – 24 обични акции,
-ОХИС АД Скопје – 98 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 55 обични акции.