Престанува суспензијата за тргување со акциите на Благој Ѓорев АД Велес
петок, 30 април 2004
Врз основа на Решение на Апелациониот суд Скопје АСЖ. бр. 538/04 од 16.04.2004 година, се уважува жалбата на ПИ Благој Ѓорев АД Велес и се укинува Решението на Основниот суд Велес со кое беше наложено времено запирање на тргувањето со акциите на ПИ Благој Ѓорев АД Велес.
Согласно горенаведеното, од вторник, 04.05.2004 година, со акциите на ПИ Благој Ѓорев АД Велес повторно ќе може да се тргува на Официјалниот пазар на Македонската Берза.