Имајќи го предивид објавеното известување преку СЕИ-Нет од страна на АДГ Маврово Скопје на 27.03.2009 година со кое друштвото извести за донесената одлука на управниот одбор на друштвото „за покренување на стечајна постапка над АДГ Маврово Скопје, од причини на трајна неможност за исполнување на финансиските обврски, а во согласност со важечките македонски прописи“, Македонската берза известува дека од денес, 30.03.2009 година ќе продолжи тргувањето со акциите издадени од АДГ Маврово Скопје.
Продолжува тргувањето со акциите издадени од АДГ Маврово Скопје
понеделник, 30 март 2009