Oткуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 29.03.2007
петок, 30 март 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 29.03.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 10 сопствени обични акции по цена од 18.000 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 29.03.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје – 436 обични акции,
- Макпетрол АД Скопје – 30 обични акции,
- ОХИС АД Скопје – 93 обични акции,
- Тетекс АД Тетово – 60 обични акции,
- ЕМО АД Охрид – 70 обични акции.