Известување во врска со порастот на цените на акциите издадени од Европа АД Скопје, Бетон АД Скопје и Лотарија на Македонија АД Скопје
среда, 30 март 2005
Имајќи го предвид континуираниот пораст на цената на акциите издадени од Европа АД Скопје и Бетон АД Скопје, како и порастот на цената на акциите издадени од Лотарија на Македонија АД Скопје во последните денови на тргување, Македонската берза АД Скопје на 28.03.2005 година достави дописи до друштвата во кои, согласно одредбите од Правилникот за котација на хартии од вредност, побара од нив да ја известат Берзата доколку поседуваат одредени ценовно осетливи информации кои би можеле да имаат влијание на порастот на цената на акциите. На 29.03.2005 година Македонската берза доби одговори од Европа АД Скопје, Бетон АД Скопје и Лотарија на Македонија АД Скопје во кои друштвата известуваат дека не поседуваат ценовно осетливи информации кои би влијаеле на порастот на цената на акциите во изминатиот период.