Известување од Топлификација АД скопје
среда, 30 март 2005
Топлификација АД Скопје известува дека седницата на Годишното собрание на друштвото ќе се одржи на ден 21.04.2005 година (четврток) со почеток во 10,00 часот, во просториите на Топлификација АД Скопје, на ул.Лондонска бб. За седницата се предлага следниот Дневен ред:
ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ:
1. Отварање на Собранието.
2. Избирање на претседавач со Собранието, бројачи на гласови, записничар и заверувачи на записник.
3. Избор на верификациона комисија
4. Извештај на верификациона комисија
РАБОТЕН ДЕЛ:
1. Усвојување на записникот од претходната седница на Собранието.
2. Разгледување, усвојување и одобрување на Годишната сметка , Годишниот извештај за работата на друштвото во 2004 година и на работата на управниот и надзорниот одбор на Топлификација АД-Скопје.
3. Разгледување на Извештајот за економско-финансиската ревизија на Топлификација АД-Скопје за 2004 година, со мислење.
4. Донесување Одлука за распоредување на остварената добивка од работењето за деловната 2004 година.
5. Известување за купени сопствени акции.
6. Донесување на Статутарна одлука за измени и дополнување на Статутот на друштвото за производство и дистрибуција на топлинска енергија Топлификација АД-Скопје бр.02-1623 од 18.06.1999 година.
7. Известување-потврдување на Одлуката за именување на ревизор на годишната сметка на Топлификација АД-Скопје бр.02-3773/1 од 25.12.2001 година.
Управниот одбор на Топлификација АД Скопје, на седницата одржана на 28.03.2005 година донел Одлука за утврдување на дивиденден календар за 2004 година, според која:
- Бруто добивката по акција по годишна сметка за 2004 година е 5,61% од номиналната вредност на една акција.
Управниот одбор му остава на Собранието да реши колкав дел од оваа добивка ќе се исплати како дивиденда на акционерите.
- Прв ден на тргување без право на дивиденда е 03.05.2005 година.
- Последен ден на тргување со право на дивиденда е 02.05.2005 година.
- Дата на пресек на книга на акционери е 05.05.2005 година.
- Дивидендата ќе се исплаќа во законски пропишаниот рок- до 30 септември 2005 година.