Известување од Фершпед АД Скопје
среда, 30 март 2005
Фершпед АД Скопје известува дека седницата на Собранието ќе се одржи на ден 22.04.2005 година во 12:00 часот, во просториите на Хотел Александар Палас во Скопје. За работа на седницата на Собранието се предлага следниот Дневен ред:
ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ:
- Отворање на Собранието
- Избор на претседавач на седницата, записничар и два оверувачи на записникот
- Избор на Верификациона комисија
- Извештај на Верификациона комисија
РАБОТЕН ДЕЛ:
- Усвојување на Записник:
ОДУ.бр.43/2004 од 07.09.2004 година
- Разгледување и одобрување на Извештаите за работењето на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2004 година, поднесени од страна на Управниот одбор и Надзорниот одбор со Предлог-одлуки за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор
- Разгледување на годишната сметка на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2004 година и донесување на Одлуки :
-За усвојување на годишната сметка за 2004 година.
-За потврдување на билансот на приходи и расходи од 01.01.2004 година до 31.12.2004 година.
-За распределба на добивката според годишната сметка за 2004 година.
- Извештај за извршена ревизија од страна на овластен ревизор за 2004 година, со Мислење.
- Разгледување и одобрување на консолидирани финансиски извештаи за 2004 год.
- Донесување на Одлука за назначување на овластен ревизор за годишната сметка и финансиските извештаи за 2005 година.
За реализација на Одлуката за распределба на добивката за 2004 година, Управниот одбор го предлага следниот дивиденден календар
- Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2004 г., е 04.05.2005 година;
- Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2004 г., е 05.05.2005 година;
- Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2004 година е 09.05.2005 година;
- Исплатата на дивидендата за 2004 г., ќе се реализира согласно законските рокови.