Акциите на десет друштва исклучени од котација од 01.04.
вторник, 30 март 2004
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 29.03.2004 година, согласно член 13.12 и член 13.13 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Македонската Берза, донесе Одлуки за исклучување од котација на акциите на:
- Алумина АД Скопје,
- Единство АД Тетово,
- Евротекс АД Скопје,
- Југотутун АД Свети Николе,
- Македонијапроект АД Скопје,
- Металец АД Прилеп,
- Стоби АД Велес,
- Тане Цалески АД Кичево,
- Ветекс АД Велес и
- Жито Караорман АД Кичево.
Акциите на овие друштва ќе бидат исклучени од котација од 01.04.2004 година. Од тој датум со акциите на Алумина АД Скопје, Единство АД Тетово, Евротекс АД Скопје, Југотутун АД Свети Николе, Македонијапроект АД Скопје, Металец АД Прилеп, Стоби АД Велес, Тане Цалески АД Кичево, Ветекс АД Велес и Жито Караорман АД Кичево ќе може да се тргува на неофицијалниот пазар на Берзата.