Во продолжение се наоѓа:
Одлуката за утврдување на условите за начинот на доделување на награда за истражувачки труд
и
Конкурсот за годишна награда за истражувачки труд
Врз основа на член 41 од Статутот на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје на својата 40-та седница одржана на ден 16.12.2010 година донесе
О Д Л У К А
за утврдување на условите и начинот на доделување на награда за истражувачки трудод областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија
1. Се распишува Конкурс за годишна награда за истражувачки трудод областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија за 2010 година.
2. Вредноста на годишната награда за истражувачкиот трудод областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија кој ќе биде избран како најдобар изнесува 60.000 денари нето.
3. Изборот на најдобар истражувачки трудод областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија го врши Комисија формирана за таа цел составена од 5 (пет) члена и тоа 3 (три) претставници од Македонска Берза АД Скопје и 2 (два) надворешни членови.
4. За членови на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд како представници од Берзата се именуваат:
· проф. др. Јане Миљовски – Неизвршен член на Одбор на директори
· Иван Штериев – Главен Извршен директор
· Илчо Лазарески – Директор на Секторот за деловни операции.
5. За надворешни членови на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд се именуваат:
· проф. др. Михаил Петковски
· доц. др. Сашо Арсов
6. За Претседател на Комисијата за избор на најдобар истражувачки трудсе именува проф. др. Михаил Петковски.
7. Останатите услови за добивање на награда за истражувачки трудод областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија во однос на темата, формата, содржината и намената на истражувачкиот труд, правото на учество на конкурсот, начинот на доставување на истражувачкиот труд, потребните податоци во прилог на трудот и крајниот рок за доставување на трудот се утврдени во конкурсот од точка 1 на оваа Одлука кој ќе биде објавен на веб страницата на Берзата. Текстот на конкурсот е составен дел на оваа Одлука.
8. Одлуката стапува во сила со денот на нејзиното донесување.
9. Одлуката да се достави до именуваните членови на Комисијата и да се објави на веб страницата на Македонска берза.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Согласно програмските определби на Берзата, со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија, трета година по ред Македонска берза АД Скопје распишува конкурс за доделување на годишна награда за истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија, која би придонела за зголемување на бројот и квалитетот на применетите научни трудови од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија. Воедно, согласно условите на Конкурсот, изборот на најдобар труд го врши Комисија составена од 5 (пет) члена, од кои најмалку двајца се надворешни членови, а останатите претставници од Берзата.
Врз основа на горенаведеното, Одборот донесе одлука како во диспозитивот.
Одбор на директори
Претседател
Кристијан Поленак
Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје врз основа на одлука донесена од Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 16.12.2010 година, објавува
К О Н К У Р С
за годишна награда за истражувачки труд од областа
на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија, Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје доделува годишна награда за 2010 година за истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.
Годишната награда на Македонската берза изнесува 60.000 денари.
Трудот треба да обработува тема од областа на функционирањето на пазарот на хартии од вредност и задолжително да содржи апликативен дел за состојбата на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија, односно истражувачката материја да се доведе во корелација со актуелната состојба во Република Македонија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Македонија. Вработените и членовите на органите на управување на Македонската берза и вработените и членовите на органите на управување во членките на Македонската берза немаат право на учество на конкурсот.
Трудовите се поднесуваат на македонски јазик.
Обемот на трудот не треба да надминува повеќе од 30 страници.
Еден автор има право да поднесе само еден труд.
На конкурсот авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2010 година. При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.
Конкурсот ќе се смета за успешен доколу се пријават најмалку 3 (три) истражувачки труда.
Трудовите се поднесуваат до Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје со назнака: „За годишна награда на Македонската берза за 2010 година“ по електронски пат, на адреса: zakonkurs@mse.org.mk.
Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.
Изборот на најдобар труд го врши Комисија која се состои од пет члена, од кои најмалку двајца се надворешни членови. Претседателот и членовите на Комисијата ги назначува Одборот на директори на Македонската берза со одлука која ќе се објави на интернет страницата на Македонската берза.
Краен рок за доставување на трудовите е 31.03.2011година.
ГодишнатанаграданаМакедонската берза ќеседоделинагодишната конференција на Македонската берза предвидена за ______ 2011 година.
МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД СКОПЈЕ