Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции на котирани друштва на 29.12.2005
петок, 30 декември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 29.12.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 390 сопствени обични акции по цена од 37 денари за една акција, преку 2 трансакции;
На 29.12.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши откуп на 421 сопствени обични акции по цена од 2.670 денари за една акција, како дел од една блок трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 29.12.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Комерцијална банка АД Скопје - 250 обични акции,
-ЗК Пелагонија АД Битола – 49 обични акции.