Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 29.12.2004 година
четврток, 30 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 29.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 220 сопствени обични акции, по цена од 1.051 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 29.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје – 29 обични акции;
- Макстил АД Скопје – 664 обични акции;
- РЖ Институт АД Скопје – 7 обични акции;
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје - 30 обични акции.