Привремено исклучување од членство во Берзата на членката Пеон Брокер АД Скопје
петок, 30 ноември 2012
Членката Пеон Брокер АД Скопје привремено се исклучува од членство во Берзата поради неисполнување на континуираниот услов за членство пропишан во член 10, став 1, алинеа 5 од Правилата за членство на Берзата, согласно кој членката во секое време мора да има вработено најмалку двајца брокери со дозвола од Берзата за пристап до БЕСТ системот во редовен работен однос.
Привременото исклучување од членство во Берзата на членката Пеон Брокер АД Скопје ќе почне да се применува од ден 03.12.2012 година и истото е со времетраење до целосно исполнување на континуираните услови за членство во Берзата.