Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 29.11.2005
среда, 30 ноември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 29.11.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на сопствени обични акции и тоа:
-373 сопствени обични акции по цена од 38 денари за една акција, преку 2 трансакции;
-1.753 сопствени обични акции по цена од 39 денари за една акција, преку 9 трансакции;
На 29.11.2005 година Реплек АД Скопје изврши откуп на 286 сопствени обични акции по цена од 19.000 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
На 29.11.2005 година Охридска банка АД Охрид изврши продажба на 100 сопствени обични акции, по цена од 5.200 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 29.11.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 508 сопствени обични акции, по цена од 2.670 денари за една акција, како дел од 1 блок трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 29.11.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 258 обични акции.