Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 29.11.2004 година
вторник, 30 ноември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 29.11.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 187 сопствени обични акции, и тоа:
o 109 акции по цена од 1.849 денари за една акција, преку 3 трансакции;
o 78 акции по цена од 1.850 денари за една акција, преку 5 трансакции.
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 100 сопствени обични акции, и тоа:
o 50 акции по цена од 1.004 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 50 акции по цена од 1.005 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 29.11.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Димко Митрев АД Велес – 49 обични акции;
- Макпетрол АД Скопје – 88 обични акции.