Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
вторник, 30 октомври 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 29.10.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 163 сопствени обични акции по цена од 8.000 денари за една акција, преку 2 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 29.10.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Бетон АД Скопје – 23 обични акции;
-Тутунски комбинат АД Прилеп – 152 обични акции.