Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 27.10.2006
понеделник, 30 октомври 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 27.10.2006 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 499 сопствени обични акции по цена од 5.999 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 27.10.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-ЕМО АД Охрид – 134 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 17 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 23 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 184 обични акции,
-РЖ Економика АД Скопје – 22 обични акции,
-РЖ Институт АД Скопје – 6 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 501 обични акции.