Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 29.01.2007
вторник, 30 јануари 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 29.01.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 250 сопствени обични акции по цена од 7.200 денари за една акција, преку 4 трансакции;
На 29.01.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 45 сопствени приоритетни акции по цена од 6.400 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 29.01.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Комерцијална банка АД Скопје – 25 обични акции,
- Комерцијална банка АД Скопје – 2 приоритетни акции,
- Гранит АД Скопје – 99 обични акции.