Продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 27.01.2006
понеделник, 30 јануари 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното: На 27.01.2006 година Охридска банка АД Охрид изврши продажба на 10 сопствени обични акции по цена од 7.244 денари за една акција, преку 1 трансакција; Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 27.01.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): -Гранит АД Скопје - 191 обични акции, -Макпетрол АД Скопје - 13 обични акции, -ВВ Тиквеш АД Кавадарци – 61 обични акции, -Охридска банка АД Охрид – 2.550 обични акции.