Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 31.08.2018 година ЗК Пелагонија АД Битола изврши откуп на:
-50 сопствени обични акции по цена од 2.853,00 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 31.08.2018 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Стопанска Банка АД Скопје–14 приоритетни акции
- Фруктал Мак АД Скопје–247 обични акции
- Раде Кончар Апаратна техника АД Скопје–100 обични акции
- Витаминка АД Прилеп–55 обични акции
- Кланица со ладилник АД Струмица–42 обични акции
- Оранжерии Хамзали АД Струмица–111 обични акции