Известување од Технометал-Вардар АД Скопје
петок, 03 септември 2004
Технометал-Вардар АД Скопје до Македонската Берза ги достави најзначајните делови од деловно-финансискиот извештај за периодот I-VI 2004, усвоен од Управниот одбор на друштвото:
Во првата половина на 2004г.делувањето на "Технометал-Вардар"АД се одвива во мошне сложени услови на стопанисување, во услови на намалена стопанска активност на поголем број на стопански субјекти и деловни партнери на Друштвото, што реално се рефлектира и на делувањето и вкупниот обем на работењето на нашето Друштво во тековниот период.
Согледувајќи ги вкупните економски услови и состојби во стопанството на Републиката, при што работењето е обременето со високи трошоци на работење, високи ненаплатени побарувања и обврски од минали години, работењето и постигнатите деловни резултати на "Технометал-Вардар"АД во овој период можат да се оценат како успешни и значително подобри во однос на минатата година, бидејќи се остварени позитивни финансиски резултати и ефекти, за разлика од минатата година кога друштвото покажа загуба од над 8 мил.денари.
Во тековниот период во АД зголемен е обемот на вкупниот промет на стоки на домашниот и странските пазари, забележливи се позитивните движења во зголемувањето и квалитативно подобрување на приходите од редовно работење, како резултат на зголемувањето на приходите од комерцијално работење по основ на продажба на стоки и услуги и успешно реализирање на повеќе предвидени извозно-увозни трансакции и договори,транзитни зделки и тендерски аранжмани, како и пораст на приходи по основ на издаден деловен простор.
Во рамки на програмата за целосна рационализација и заштеди и намалување на вкупните расходи во АД,во тековниот период е спроведена новата организација и ситематизација на работење,во функција е програмата за разрешување на превработеноста,намалување на бројот на вработените кои исполнуваат услуви за технолошки вишок со одредена надокната согласно Законот за работни односи и Колективните Договори, се врши рационализација и адаптација на ангажираниот деловен простор, се спроведуваат повеќе одлуки и мерки за намаливање на варијабилните трошоци на работење( матер.трошоци ), се врши целосна контрола на наплатата на побарувањата и обвските,како од тековното работење, така и при отпис и намалување на повеќе побарувања и обврски од минали години, кои значајно ги оптеретуваат билансите и тековното работење на АД. и за кои се ангажирани значително високи средства .
Согласно превземените активности во тековниот период за зголемување на редовните деловни приходи,посебно комерцијалните приходи и комерцијалното работење со обезбедување на финансиски средства од деловните банки во земјата,превземените мерки за трансформација на повеќе краткорочни кредити во долгорочни кредити, како и мерките и активностите за намалување на вкупните деловни расходи, се постигнати значајни резултати во балансирањето на вкупните приходи и расходи на АД,побарувата и обврските ,посебно од минатите години, при што во овој период од годината реално е остварена добивка од редовно тековно работење во износ од 7,5 милиони денари или 124 илј.евра и значително е подобрена ликвидноста на Друштвото.