Откуп на сопствени акции на котирани друштва на 30.06.2006
понеделник, 03 јули 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 30.06.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 480 сопствени обични акции по цена од 2.500 денари за една акција, преку 2 трансакции;
На 30.06.2006 година Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 20 сопствени обични акции по цена од 28.200 денари за една акција, преку 1 трансакција;