Македонските компании во состав на Dow Jones FEAS индексите
среда, 03 јуни 2009
Скопје (3 јуни 2009 година) – Македонската берза ја известува јавноста за планираното лансирање на три индекси на Dow Jones и FEAS, во рамки на кои учествуваат и македонски котирани компании. Следи превод за заедничкото соопштение на Dow Jones и FEAS:
 
 
DOWJONESINDEXES и ФЕДЕРАЦИЈАТА НА ЕВРО-АЗИСКИ БЕРЗИ (FEAS) КРЕИРАА РЕГИОНАЛНИ ИНДЕКСИ
 
“Њујорк (3 јуни 2009 година) – Dow Jones Indexes, изработувач на индекси и Федерацијата на Евро-Азиски берзи (FEAS) на 5 јуни 2009 година планираат да  лансираат DowJones FEAS индекси. Ова е прв пат Dow Jones да креираат индекси кои ќе ги мерат перформансите на компаниите од Евро-Азискиот регион. Трите индекси кои ќе се лансираат во петок се композитни, од кои два се регионални под-индекси. FEAS индексите на DowJones се креирани со цел да бидат основа за креирање на продукти кои се поврзани со индексите како што се фондовите и структурните производи.
 
Dow Jones FEAS Composite индексот моментално го сочинуваат акции од 10 од вкупно 32 земји членки на Федерацијата и тоа акции од берзите во: Абу Даби (ОАЕ), Аман (Јордан), Бахраин (Кралството Бахраин), Белград (Србија), Бугарија (Бугарија), Истанбул (Турција), Карачи (Пакистан), Макединија (Македонија), Мускат (Оман) и Загреб (Хрватска).
 
Dow Jones FEAS Middle East/Caucasus (Среден Исток/Кавказ) индексот моментално вклучува акции од следните четири берзи членки на FEAS: Абу Даби, Аман, Бахраин и Мускат.
 
Dow Jones FEAS South East Europe (Југоисточна Европа) индексот ги мери перформансите на компаниите од петте берзи членки на FEAS: Бугарија, Загреб, Македонија, Белгард и Истанбул.
 
“FEAS го промовира развојот на берзите во развој во земјите од Евро-Азискиот регион и го подржува создавање на транспарентна пазарна средина кај членките на FEAS со цел унапредување и зголемување на тргувањето на овие пазари, рече Мајкл Патронела, Претседател на Dow Jones Indexes.” Воведувањето на Dow Jones FEAS индексите ќе ја подржи оваа мисија, со тоа што индексите им овозможуваат на пазарните учесници лесен пристап до единствена комбинација на хартии од вредност од пазари во развој и пазарите на маргините (frontier markets).”
 
“Се сеќавам на времето кога го основавме FEAS, со одвај 12 регионални берзи, пред 14 години. Денес, FEAS покрива огромен простор почнувајќи од Монголија на исток до Хрватска на запад, со 32 берзи членки и 7 берзи придружни членки. Во FEAS, обрнуваме посебно внимание на видливоста и транспарентноста на пазарите, а Dow Jones FEAS индексите, кои се создадени да ги мерат перформансот на компаниите во Евро-Азискиот регион, се првите од овој вид промоција. Трите индекси во моментот покриваат околу една третина од компаниите со кои се тргува на берзите членки на FEAS и се надеваме дека во блиска иднина ќе ги зголемиме видовите на индекси и бројот на компаниите кои учествуваат во индексите. Верувам дека Dow Jones FEAS индексите значајно ќе придонесат во промоцијата на растечките бизниси во Евро-Азискиот регион“ истакна Хусеин Еркан, Претседател и Главен извршен директор на Инстанбулската Берза и Претседател на FEAS.
 
Dow Jones FEAS индексите се создадени да покриваат 95% од free-float расположивата, слободна за тргување пазарна капитализација на секоја земја во соодветниот индекс. Како дополнение на прилагодената free-float пазарна капитализација, компонентите се селектирани и врз основа на можноста за брз пристап до цените на хартиите од вредност. Индексите се пресметани и се објавуваат во евра и долари, а се пондерирани со free-float пазарна капитализација.
 
Dow Jones FEAS индексите се ревидираат квартално, кога може да се додадат и дополнителни компоненти од берзи членки на FEAS.
 
За повеќе информации за Dow Jones FEAS индексите посетете ја интернет страницата   http://www.djindexes.com.“
 
Интегралниот текст на соопштението на англиски јазик можете да го погледнете на следниот линк: