Ревидиран извештај за 2003 година на РЖ Економика АД Скопје
четврток, 03 јуни 2004
РЖ Економика АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 17.431.000 денари. Вкупната актива на РЖ Економика АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 263.982.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 75.843.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на РЖ Економика АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.