Ревидиран извештај за 2003 година на Лотарија на Македонија АД Скопје
четврток, 03 јуни 2004
Лотарија на Македонија АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 53.929.000 денари. Вкупната актива на Лотарија на Македонија АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 697.721.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 173.735.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Лотарија на Македонија АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.