Ревидиран извештај за 2003 година на Агросервис Автокуќа АД Скопје
четврток, 03 јуни 2004
Агросервис Автокуќа АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 1.951.000 денари. Вкупната актива на Агросервис Автокуќа АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 196.306.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 28.813.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Агросервис Автокуќа АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.