Во рамките на Дваесеттата Годишна конференција на Берзата што се одржа на 29-ти март во Охрид, Македонската берза по дванаесетти пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно„ за најтранспарентни котирани акционерски друштва.
Беа доделени награди на три друштва од вкупно 105 котирани акционерски друштва на Македонска берза АД Скопје кои беа оценети како најтранспарентни во 2018 година.
Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2018 година се избраа:
I место АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
II место КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
III место НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ
Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ на Алкалоид АД Скопје
Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ на Комерцијална банка АД Скопје
Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ на НЛБ банка АД Скопје
Извештајот за изборот на најтранспарентни котирани акционерски друштва на Македонска берза АД Скопје во 2018 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории, можете да го преземете на следниов линк.