Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 02.04.2007
вторник, 03 април 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 02.04.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 65 сопствени обични акции по цена од 5.499 денари за една акција, преку 1 трансакција и 100 сопствени обични акции по цена од 5.480 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 02.04.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје – 4.867 обични акции,
- РЖ Услуги АД Скопје – 166 обични акции,
- РЖ Институт АД Скопје – 5 обични акции,
- ЕМО АД Охрид – 17 обични акции.