Осма Годишна Конференција
вторник, 03 април 2007
Осма Годишна Конференција Охрид, 29-31 Март 2007 Во периодот од 29-31 Март 2007 година во хотел Метропол, Охрид се одржа Осмата годишна конференција на Македонската берза АД Скопје. Конференцијата ја отворија г-дин Трајко Славески, Министер за финансии на Владата на Република Македонија и г-дин Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје.
Воведниот говор на г-дин Иван Штериев, Главен Извршен директор на Македонската берза АД Скопје, можете да го видите ТУКА.
.

Осмата годишна конференција на Македонска берза, за прв пат меѓународна по својот карактер беше место каде што се состанаа над 250 учесници од повеќе земји во регионот: Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Турција, Австрија, Финска, Англија и Словачка.
Се одржаа повеќе панел-дискусии на следниве теми: “Што се случи и што ќе се случува на македонскиот пазар на хартии од вредност?” ;“Регулативата и македонскиот пазар на хартии од вредност – новини, планови, идеи” ; “ Берзански интеграции – зошто воопшто и зошто сега?”; “Македонски банкарски предизвик”; “Пазарот на хартии од вредност како извор за финансирање”; “Финансирање на локална самоуправа и пазарот на хартии од вредност”; “Подобрување на стандардите за инвестирање во Македонија”.
Програмата од конференцијата и презентациите на панелистите може да ги погледнете ТУКА.