Продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции на котирани друштва на 02.02.2006
петок, 03 февруари 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 02.02.2006 година Охридска банка АД Охрид изврши продажба на 15 сопствени обични акции, по цена од 6.213 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 02.02.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Тутунски Комбинат АД Прилеп - 8 обични акции,
-ВВ Тиквеш АД Кавадарци – 182 обични акции,
-Бетон АД Скопје – 23 обични акции,
-Благој Ѓорев АД Велес - 734 обични акции,
-Фершпед АД Скопје – 20 обични акции.