Продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 02.02.2005 година
четврток, 03 февруари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 02.02.2005 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 101 сопствени обични акции, по цена од 1.045 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 02.02.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје - 27 обични акции;
- Охридска банка АД Охрид - 434 обични акции, 200 приоритетни акции;
- Стопанска банка АД Битола - 572 обични акции;
- Макстил АД Скопје - 598 обични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје - 220 обични акции;
- РЖ Економика АД Скопје - 26 обични акции;
- Комерцијална банка АД Скопје - 968 приоритетни акции;
- Топлификација АД Скопје - 1.653 обични акции;
- Жито Лукс АД Скопје - 765 обични акции.