Известување од Комерцијална банка АД Скопје
четврток, 03 февруари 2005
Комерцијална банка АД Скопје известува дека на барање на два акционера-сопственици на приоритетни акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, а во согласност со Одлуката за замена на приоритетни акции во обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје од 24.03.2004 година, на ден 31.01.2005 година во Централниот депозитар за хартии од вредност извршена е конверзија на 1.875 приоритетни акции во 375 обични акции издадени од Банката.
После оваа промена вкупниот број на издадени акции на Комерцијална банка АД Скопје изнесува:
- 365.658 обични акции и
- 185.777 приоритетни акции.