Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
понеделник, 03 декември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 30.11.2007 година Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 1.001 сопствена обична акција по цена од 9.100 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 30.11.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 19 обични акции;
-Гранит АД Скопје – 296 обични акции;
-РЖ Услуги АД Скопје – 152 обични акции,
-РЖ Економика АД Скопје – 18 обични акции;
-РЖ Институт- 5 обични акции;
-Бетон АД Скопје – 15 обична акција;
-Макстил АД Скопје – 413 обични акции.