Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 02.12.2004 година
петок, 03 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 02.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
-Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 132 сопствени обични акции, и тоа:
o 82 акции по цена од 1.851 денари за една акција, преку 4 трансакции;
o 50 акции по цена од 1.860 денари за една акција, преку 1 трансакција.
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 13 сопствени обични акции, по цена од 12.200 денари за една акција, преку 2 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 02.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Алкалоид АД Скопје – 435 обични акции;
- Силекс АД Кратово – 350 обични акции.