Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции на котирани друштва на 02.11.2005
четврток, 03 ноември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 02.11.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 569 сопствени обични акции, по цена од 40 денари за една акција, преку 3 трансакции;
На 02.11.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 31 сопствени обични акции, по цена од 2.730 денари за една акција, преку 1 трансакциja .
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 02.11.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Економика АД Скопје – 54 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 56 обични акции,
-РЖ Техничка контрола АД Скопје – 22 обични акции,
-Алкалоид АД Скопје – 357 обични акции,
-РЖ Институт АД Скопје – 14 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 1.244 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 457 обични акции,