Ве известуваме дека на 03.10.2023 година Берзата изврши бришење на издавачот Единство АД Струмица од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена понудата за преземање на друштвото од страна на преземачот Сашко Кузманов.
Единство АД Струмица беше внесен на 17.07.2023 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена намера за објавување понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот Сашко Кузманов.